Утрински Весник
Македонија

Детектиран прв случај на Омикрон во Македонија

Детектиран прв случај на Омикрон во Македонија

Во Македонија денеска е детектиран првиот случај на сојот Омикрон, информира Министерството за здравство.

Секвенционирањето е направено во приватната болница Жан Митрев во Скопје, кај маж кој во земјава допатувал од Велика Британија.

Станува збор за реинфекција, односно пациентот во јануари 2021 година ја имал прележано болеста и тогаш бил асимптоматски. По прележувањето на болеста, пациентот примил две дози од вакцината Фајзер. По втор пат позитивен тест на Ковид 19 има од пред 2 дена, по што е потврдено дека е сојот Омикрон.

Во моментот пациентот има лесна клиничка слика и се лекува во изолација во својот дом.

Можете да прочитате

Деветти ден штрајк со глад, Јанков повторно хоспитализиран

Радио Слободна Европа го гаси македонскиот сервис по 25 години работа

Каранфилова Пановска: Владината мерка за горивата е фрлање песок во очите на граѓаните