Утрински Весник
Македонија

Детали за убиството во Кавадaрци: Се обидел да ги раздвои лицата кои се степале, па со нож бил избоден неколку пати во градите

Детали за убиството во Кавадaрци: Се обидел да ги раздвои лицата кои се степале, па со нож бил избоден неколку пати во градите

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци заедно со екипа на крим техника изврши увид на местото каде вчера со остар предмет едно лице беше убиено во тепачка.

„На 15 ноември 2021 година, околу 23:30 часот, по претходна вербална расправија на осомничениот со друго лице, оштетениот се обидел да ги смири и да ги раздвои. При тоа, осомничениот замавнал со дрво и го удрил оштетениот по главата, со што го бутнал на подот, а потоа неколкупати го избодел со нож во пределот на градите. Од здобиените повреди, на пат кон итната медицинска помош, лицето починало“, информираат од Обвинителството.

Осомничениот по извршеното дело се дал во бегство, но во текот на денов е приведен.

Обвинителството издаде наредба за обдукција на телото на починатиот, наредба за сослушување на повеќе лица кои сведочеле на настанот и можат да дадат податоци потребни за истрагата, како и насоки за преземање други истражни дејствија.

Поради стореното кривично дело, обвинителството донесе Наредба за спроведување истражна постапка против осомничениот, лице на возраст од 45 години, за сторено кривично дело – Убиство. Едновремено, во насока на непречено одвивање на кривичната постапка, јавниот обвинител до Судијата на претходна постапка при Основниот суд во Kавадарци достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.​​

Можете да прочитате

ОЈО бара снимки за националистичките скандирања во Куманово

Мицкоски утре на поставување камен темелник на спортска сала во Воената академија

Нови пожари низ Македонија, гори кај Ваксинце, Богомила, Милетино и Церово