Утрински Весник
Македонија

Детали за сообраќајката во Трубарево – загинат мотоциклист

Извршен увид на местото каде загина работник во Кривогаштани
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Во сообраќајна несреќа што се случи вчера во скопското село Трубарево, а во која учествувале возило „бмв“, управувано од Д.Д.(72) од Скопје, малолетен пешак од с.Трубарево и мотор, управуван од И.Ќ.(40) од с.Долно Лисиче, скопско, кој починал на местото на незгодата.

Д.Д. и малолетниот пешак се пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде кај малолетниот пешак биле констатирани тешки телесни повреди, а кај Д.Д. телесна повреда.

Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа на СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот мотоциклист ќе биде предадено за обдукција.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Во Охридско Езеро поставена новогодишна подводна елка

Камион се превртел кај Желино

СДСМ: Власта е во паника од темата „мигранти за пари”