Утрински Весник
Спорт

Дест ќе дојде на местото од Ван Бисака во Манчестер јунајтед

Манчестер јунајтед долго време преговара со Барса околу потенцијалниот трансфер на Френки де Јонг. Холанѓанецот сепак е далеку од „Олд Трафорд“ и покрај тоа што клубот ја прифати понудата што ја испратија од Манчестер. Сепак, до крајот на преодниот рок можно е Манчестер јунајтед да се засили од Барселона.

dobivaj vesti na viber

Како што пренесуваат медиумите во Англија, Манчестер јунајтед позицијата десен бек сака да ја засили со Сержињо Дест. Менаџерот Ерик Тен Хаг добро знае со каков квалитет располага Американецот.

За да биде реализиран овој трансфер, Јунајтед ќе мора да го напушти, Арон Ван-Бисака. Играчот кој дојде во Мначестер јунајтед за 50 милиони евра, веројатно ќе се врати во Кристал Палас, откако не ги исполни големите очекувања.

Слично како Ван Бисака и Дест не успеа да се наметне во тимот на Барселона. За две сезони одигра 50 натпревари.

Дест има договор со Барса до 2025 година, според „Трансфермаркт“ неговата вредност е 18.000.000 евра.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина