Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Деспотовски предлага конкретни мерки за справување со корупцијата

Деспотовски предлага конкретни мерки за справување со корупцијата
Img 7972

Кандидатот за претседател на СДСМ Јован Деспотовски, повикува на заедничка борба против корупцијата и предлага конкретни мерки за справување со овој проблем.

„Денес добив прашања за мојот став по повод Меѓународниот ден на борба против корупцијата. Нема да бидам нималку внимателен и политички коректен на оваа тема. Бидејќи корупцијата краде од моите, од нашите деца. Краде од нивната иднина за малкумина да живеат комотно денес. 25 години зборуваме, ама многу малку правиме. Граѓаните неодамна ја дадоа последната опомена, “ напиша Деспотовски на официјалниот фејсбук профил.

„Со #Концепт 28 воведуваме обврска за сите носители на јавни функции годишно да ја доставуваат својата имотна состојба. И, истата ќе биде на увид на граѓаните преку механизмите на ДКСК. Не само на почеток и на крајот од мандатот како досега,“ вели Деспотовски.

Тој упати и апел за заедничка борба против корупцијата.

„Ги повикувам и моите другари Фросина и Димитар, но и огромното мнозинство на чесни членови на СДСМ и сограѓани, заедно да кажеме и да покажеме дека сме фронтот против ова зло.“

Можете да прочитате

Студено со дожд, снег на планините и на повисоките места

Струмичките пожарникари синоќа изгаснаа голем пожар во магацини на комуналното претпријатие

Одрон на патот Живалево – Туралево, сообраќајот по една лента