Утрински Весник
Македонија

Деспотовски најавува директен избор на кандидатите за функционери од страна на сите членови на СДСМ

Деспотовски најавува директен избор на кандидатите за функционери од страна на сите членови на СДСМ
Dik 300x250 mk

Кандидатот за претседател на СДСМ, Јован Деспотовски, најавува директен избор на кандидатите за функционери од страна на сите членови на партијата.

„Со Програмата „Концепт28“ воведуваме директен избор на кандидати за градоначалник и пратеник од страна на членовите. Носителите на јавни функции така ќе станат одговорни кон членството и граѓаните, а не кон лидерот“, пишува Деспотовски на Фејсбук.

Тој истакнува дека направените многу грешки во кадровската политика ја донеле сметката на избори.

„Ги учиме лекциите од минатото, кога функционерите се отуѓуваа од луѓето што ги бираат. Нема „криење“ од јавноста, пријателите, соседите. Јавната или партиска функција не смее да не менува. Човек останува човек.“, истакнува кандидатот за претседател на СДСМ, Јован Деспотовски.

Можете да прочитате

Шлепери почнаа да се паркираат на тротоарите во Чаир

Хаос кај кулите Џевахир: Пијан возач со голема брзина удри во контејнери и автомобили!

Министерство за здравство не знае колку лекари и медицински сестри фалат