Поштар, кројач или фармер се само некои од професиите кои во следните децении би можеле да исчезнат, бидејќи со развојот на новите технолгии во овие занимања се вработуваат се помал број луѓе.
Истражувањето на „Кериер Каста“, покажува дека професијата поштар има најголеми шанси наскоро да стане занимање на минатото.
Ваквата оценка се образложува со ставот дека денес луѓето најчесто се допишуваат по електронски пат, а празничните честитки и разгледниците од патувања се заменуваат со СМС пораки и фотографии испратени преку мобилните телефони.
Поради овие причини се предвидува дека до 2025 година бројот на поштарите во глобални рамки ќе се намали за 28 отсто.
Во проодлжение следи листата на топ 10 „најзагрозени професии“, на кои поред истражувањето на „Кериер Каста“, им се заканува исчезнување:
1. Поштар
2. Читач не електрични броила
3. Фармер
4. Репортер
5. Дрвосечач
6. Златар
7. Кабински персонал во авионите
8. Оператор на дупчалки во металната индустрија
9. Аналитичар на ризик во осигурителини комапнии
10. Кројач.