Утрински Весник
Македонија

Десет нови позитивни на Ковид-19 во гостиварскиот регион

Десет нови позитивни на Ковид-19 во гостиварскиот регион

Гостивар, 13 јуни 2020 (МИА) – Епидемиолозите со последните тестирања за откривање на новоинфицирани со корона вирусот во гостиварскиот регион, регистрираа десет нови случаи. Од меѓуопштинскиот кризен штаб потврдија дека резултатите на тестовите на Ковид-19 биле позитивни кај седум лица од општина Гостивар и три во општина Врапчиште.

Во најмалубројната гостиварска општина, Маврово и Ростуше нема нови случаи.

До денеска вкупниот број на активни случаи во гостиварскиот регион достигна 44. Во општина Гостивар активни се 23 , во Врапчиште 17 а во Маврово и Ростуше 4 случаи.

Од почетокот на пандемијата, во гостиварско направени се над 500 тестирања и вкупно се регистрирани 67 позитивни резултати(33 во Гостивар, 27 Врапчиште и Маврово Ростуше 7), Како последица од инфицирање со корона вирусот починаа четири лица. За излекувани се водат 19 пациенти.згм/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тошковски: Одговорност ќе има за сите што го прекршиле законот, но за висока корупција и кражби од епски размери не е можно брзо постапување

Радиолошките технолози дефицитиран медицински кадар во целиот регион

Мицкоски: Унгарскиот премиер Орбан понудата ја даде во име на претседателствувањето со ЕУ