Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Десетта седница на Главниот штаб за управување со кризи

Десетта седница на Главниот штаб за управување со кризи
Img 7972

Центарот за управување со кризи, ЦУК, ја организираше и ја одржа десетата седница на Главниот штаб за управување со кризи (од прогласувањето кризна состојба) преку видеконференциска интернет врска. Со Штабот, оперативно стручно тело при ЦУК коешто раководи и координира со активностите за превенција и управување со кризни ситуации, раководеше, в.д. директорот на Центарот, Стојанче Ангелов.

На седницата учествуваа претставници на субјекти во Системот за управување со кризи, СУК, назначени согласно и Законот за управување со кризи и дел од стручните лица од ЦУК. Притоа, покрај главната тема за превземените мерки и aктивности за справување со кризната состојба од заразната болест КОВИД-19 што прогласена на целата територија на Република Северна Македонија, беше разгледана и актуалната ситуација со зголемените врнежи од дожд во земјава од коишто моментно нема опасност од поголеми поплави во државата.

Потоа, беа разгледани и надоградени преземените мерки и определени досегашни активности на институциите, согласно Акцискиот план, што има за цел за поголемо и посеофатно дејствување во правец превенција и справување со ширењето на заразната болест „COVID-19“ предизвикана од вирусот „SARS-CoV-2“, заштита на здравјето и животот на населението. Тоа се настојува да се извршува преку сеопфатно координирани мерки и активности на субјектите во Системот за управување со кризи, како и рационално и ефикасно искористување на расположивите национални ресурси, тековно, а и за нареден можен период во поглед на координирани активности за претстојната вакцинација.

Исто така, беше нагласен на секогаш актуелниот апел на Министерството за здравство и Владата на Република Северна Македонија за понатамошно максимално следење на упатствата и забраните со цел за заштита и спречување на ширење на вирусот.

Центарот за управување со кризи е во постојано заседавање, а во неговата работата покрај постојаното работење и координириње со Црвениот крст на Р. С. Македонија се вклучени соодветно и други претставници на граѓански организации како надворешни соработници од невладиниот сектор, што како што нагласи Ангелов, е проширување на фронтот за борба против пандемијата на оптимално организирана линија и со невладините организации што се и значаен ресурс на општеството.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

МНР потврди: Од Кочани е Македонецот кој бил пронајден мртов во Љубљана

Муцунски – Плаколм: Поддршка од Австрија за проширувањето на ЕУ

Помошник на министерот за внатрешни работи незаконски зел надоместоци за прекувремена работа и бонус плата