Утрински Весник
Македонија

Десетта акција за дезинфекција на улиците и јавните површини во гевгелиско

Општина Гевгелија ги намали комуналните такси за фирмарина

Гевгелија, 8 јуни 2020(МИА)– Викендов на улиците и јавните површини во градот и населените места во гевгелиско беше реализирана десеттата акција за дезинфекција која е дел од активностите и мерките за заштита од корона вирусот што се спроведуваат од страна на општинскиот штаб за заштита и спасување.

Екипите на ЈПКД „Комуналец“ со помош на пожарникарите од Гевгелија најпрво ги дезинфицираа улиците, тротоарите и паркиралиштата во градот, а потоа дезинфекција се изврши на најфреквентните места во центарот на градот, зградата на локалната самоуправа, шеталиштето, банките, дворот на општата болница и на пунктот на ПЕ на центарот за јавно здравје каде деновиве се вршеше скрининг на граничните полицајци од меѓународниот контингент и од земјава, потврдија од општинскиот кризен штаб.

Дезинфекција на улиците и јавните површини беше направена и во населените места на територијата на општина Гевгелија, а според Оперативниот план на општинскиот кризен штаб, дезинфекциските активности во гевгелиско се одвиваат на секои пет дена. им/ир

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор