Скопје, 7 април 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлози за издавање казнени налози во висина од по 2 000 евра против вкупно десет лица од Скопје кои не го почитувале полицискиот час.
Обвинетите не се придржувале до Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија, односно за време на полицискиот час биле затекнати на различни локации во Скопје без да поседуваат дозвола за движење.
Јавното обвинителство на Основниот кривичен суд Скопје му предложи на сите обвинети да им изрече парични казни од 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.
Сите се обвинети за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. аа/дма/