Утрински Весник
Свет

Десетгодишно девојче се задуши во Италија, родителите тврдат дека учествувало во „ТикТок“ предизвик

Десетгодишно девојче се задуши во Италија, родителите тврдат дека учествувало во „ТикТок“ предизвик
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Италијанската агенција за регулирање на приватноста на податоците вчера ѝ нареди на апликацијата „ТикТок“ да ги блокира сметките на сите корисници во Италија чија возраст не може да се потврди, по смртта на 10-годишно девојче во Палермо, Сицилија, кое ја користело кинеската апликација.

Нејзините родители изјавија дека таа учествувала во таканаречениот „предизвик за гушење“ на „ТикТок“, ставајќи ремен околу вратот и држејќи го здивот додека снимала со нејзиниот мобилен телефон.

„’ТикТок’ беше нејзиниот свет. И ‘Јутјуб’. Така го поминуваше времето“, изјави таткото на девојчето Анџело Сикомеро за весникот „Кориере дела сера“.

Девојчето било хоспитализирано на интензивна нега, каде пристигнало со срцев застој. Девојчето починало вчера, по длабока и неповратна кома предизвикана од недостаток на кислород во мозокот.

Обвинителството отвори истрага за можно поттикнување на самоубиство и истражува дали некој го поканил девојчето да учествува во предизвикот.

Во соопштението регулаторот наведува дека иако „ТикТок“ се обврза да забрани регистрација за деца под 13-годишна возраст, сепак, е лесно да се заобиколи правилото.

Портпаролот на „ТикТок“ во Италија одговори дека приватноста и безбедноста се апсолутни приоритети, истакнувајќи дека тие постојано работат на заштита на нивните политики, процеси и технологии за да ја заштитат заедницата и особено помладите корисници.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Кирибати прва ја дочека 2026 година

САД ангажираат 400 адвокати за проверка на пет милиони страници од досиејата на Епстин

Иран со остра порака до САД и Израел по заканите на Трамп