Утрински Весник
Спорт

Депортираната Ворачова ќе бара компензација од Австралија опен

Депортираната Ворачова ќе бара компензација од Австралија опен
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Чешката тенисерка Рената Ворачова потврди дека ќе побара компензација од организаторите на Австралија опен, откако беше уапсена во Мелбурн поради истиот „престап“ како Новак Ѓоковиќ минатата недела и депортирана од Австралија.

За разлика од Ѓоковиќ, на Ворачова и беше дозволен влез во Австралија со „медицински исклучок“ по неодамнешен позитивен тест, но откако играше на еден подготвителен турнир, таа беше уапсена и пратена во истиот центар за имигранти како Ѓоковиќ. Таа реши да не се жали и во саботата беше депортирана од Австралија.

„Компензацијата нема да биде мала. Авио-билетот чинеше 60.000 чешки круни (2.460 евра), а мојот тренер патуваше со мене. Тука беше и потрошеното време, хотелите, тренинзите за гренд слемот, потенцијалната награда. Се надевам дека Тенис Австралија ќе биде фер и нема да треба да одиме на суд“, изјави 38-годишната Ворачова, која е 82-рангирана во двојки за чешкиот весник „Деник“.

Таа пристигна во Прага во понеделник и вели дека и се смачил тенисот.

„Воопшто не размислувам за тенис. Уште сум во шок, не сум размислила добро. Преуморна сум за тенис. Не очекував вакво нешто во најцрните соништа. Не се чувствував безбедно додека не се вратив. Како да гледав филм – долго испитување со инструкции како ‘облечи се, соблечи се’. Не сакам ниту да помислам на тоа повторно, а не да го проживеам“, додава Ворачова.

Ворачова: Исто како да сум во затвор

> Депортираната Ворачова ќе бара компензација од Австралија опен <

Можете да прочитате

Ново шоу и трипл-дабл на Јокиќ во победа на Денвер

Муарем нов тренер на Работнички

Седлоски: Ме интересира само едно успехот на репрезентацијата