Утрински Весник
Магазин

Депардје под истрага за сексуално насилство

Депардје под истрага за сексуално насилство

Против францускиот актер Жерар Депардје се води официјална истрага поради сомнение за силување и сексуално насилство, а истрагата започнала во декември минатата година, изјави судски извор за „Ројтерс“ во вторникот.

Адвокат што го застапува 73-годишниот Депардје, еден од најплодните и најпознати актери во Франција, не одговори веднаш на барањето за коментар што го остави „Ројтерс“ во неговата канцеларија.

Во 2019 година француските обвинители соопштија дека ја прекинале истрагата за обвинувањата за силување против Депардје, повикувајќи се на недоволно докази.

Судскиот извор, кој инсистирал да остане анонимен, рекол дека Депардје бил ставен под формална истрага на 16 декември минатата година и дека тој не бил задржан во притвор и не било побарано да плати кауција.

Изворот не дал повеќе детали за наводите.

Во 2012 година актерот изјави дека ќе го врати францускиот пасош и ќе се пресели во куќата што ја купил во Белгија.Тој ја обвини тогашната администрација во Париз го дека го потиснува талентот со даноците што им ги наметнува на луѓето со високи приходи.

Во 2013 година рускиот претседател Владимир Путин му додели руско државјанство на Депардје. Актерот го доби својот нов пасош лично од Путин во резиденцијата на рускиот лидер на брегот на Црното Море.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста