Утрински Весник
Македонија

Ден на воздухопловниот ВИНГ

Ден на воздухопловниот ВИНГ
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 10 јуни 2020 (МИА) – Вицепремиерот и министер за одбрана Радмила Шекеринска денеска ќе се обрати на свеченоста по повод одбележувањето на 10 Јуни – Денот на воздухопловниот ВИНГ.

Во рамки на свеченоста во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, доколку дозволат временските услови, е предвидена демонстрација на летање од страна на авијацијата на Армијата, како и прелет на авионите Ф-16 кои го изведуваат редовното воздушно патролирање на НАТО над нашата територија кое почна со нашето полноправно членство, а кое согласно техничкиот аранжман го реализира военото воздухопловство на Република Грција.

Надлетувањето над Скопје со група на воздухплови, како што е најавено, ќе се одржи од 12 до 13 часот. Групата ќе биде формирана од девет воздухоплови и е планирано да лета во формација 3-2-2-2 и тоа: три хеликоптери Ми-17 – водител на група, два хеликоптера Ми-24, два хеликоптери Bell-206 и два авиони ZLIN-242L.

– Се надеваме дека граѓаните на Град Скопје ќе уживаат во прелетот на воздухопловите на Армијата на Република Северна Македонија. Од името на сите припадници на Воздухопловниот ВИНГ, во време на светската пандемија од КОВИД-19, на граѓаните на Република Северна Македонија им посакуваме да останат во добро здравје и ведар дух, да ги почитуваат препораките за заштита, а на сите заболени им посакуваме поскоро оздравување и закрепнување, стои во писмената изјава на мајор Сашо Павловски. мд/рп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тошковски: ,,Безбеден град” ќе има отстапки како кај полициските радари

Магла на повеќе патни правци

МВР со засилување – 120 млади полицајци започнуваат со работа во Скопје