Утрински Весник
Македонија

Ден без автомобили во Аеродром

Ден без автомобили во Аеродром

Под мотото „Улици за луѓе“ денеска во Аеродром се одржува Денот без автомобили. Улицата Васко Карангелески ќе биде затворена за сообраќај 12 часа, во периодот од 8 до 20 часот на потегот од булеварот Јане Сандански до крстосницата со улицата Владимир Комаров.

„Денешниов ден го искористивме за една хумана мисија која ја зацртавме пред 4 години, а се однесува на одржливата урбана мобилност. Она по што се разликува овој ден без автомобили од претходните е фактот што за прв пат во Скопје овој ден се организира надвор од Европската недела на мобилноста и за прв пат се затвора една градска улица во времетраење од 12 часа, за разлика од претходните затворања кои траеле симболични 2-3 часа“, кажа градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

Тој рече дека целта на оваа акција е стимулирање на алтернативниот начин на транспорт, алтернативното движење низ урбаните средини и граѓаните да видат дека можеме да живееме без автомобили.

Шилегов упати благодарност за оваа иницијатива до неформалната група велосипедисти „НаТочак“ која е долгогодишен партнер на градот во делот на унапредувањето на велосипедските политики.

Деновите без автомобили се едни од главните промотори на одржливиот транспорт, а ова е докажано низ многу примери во Европа и во светот.

Можете да прочитате

(Видео) Ревија во чест на храброста, духот и вистинската убавина на жената која го победи ракот

Калајџиев: Се оцрнуваат луѓе во опозиција, тоа е најлесно

Тошковски: Нема официјална потврда од ниедна соседна земја каде е Груби