Утрински Весник
Македонија

Денот на Европа во Делчево одбележан пред споменикот на паднатите борци од НОВ

Денот на Европа во Делчево одбележан пред споменикот на паднатите борци од НОВ

Делчево, 9 мај 2020 (МИА) – По повод одбележувањето на 9-ти мај – Денот на Европа и Ден на победата над фашизмот, Општина Делчево и годинава пред споменикот на паднатите борци од НОВ во центарот на градот организираше пригодна свеченост.
Претставници на Општината, институции, политички партии и здруженија на граѓани присуствувајки на настанот положија свежо цвеќе со што им оддадоа почит на загинатите делчевци, а пригоден говор за значајниот настан прочитаа членови на Културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев“ од Делчево.
-Во тешко извојуваната слобода, животите ги загубиле повеќе од 60 милиони луѓе од кои 24 илјади биле Македонци, до кои 153 делчевчани чии имиња се испишани на монументот посветен на нивната борба во центарот на градот. На денешниот ден со потпишување на безусловна капитулација на Германија, и официјално беше ставен крај на Втората светска војна, истакнаа во својот говор претставниците на КУД „Гоце Делчев“.
Поради мерките за заштита од болеста ковид -19, присутните носеа заштитни маски за лице, а беше запазено и растојанието од 2 метри за време на настанот. вс/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

МВР и Црвен крст со совет: Високите температури се ризик, возете одморени

Родители и блиски на жртвите во Кочани бараат Обвинителството да објасни кој е обвинет, а кој ослободен

Сведоштво на мајка на жртва од „Пулс“: Монструмот Деко се криел во скривница во објектот, а нашите деца умирале