Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Денот без автомобили одбележан во повеќе градови во државата

Денот без автомобили одбележан во повеќе градови во државата
300x250 opst2

Со велосипедски дефилеа во повеќе градови во државава, во кои учествуваа граѓани, ученици, рекреативци, ентузијасти и вљубеници во велосипедизмот и пешачењето, денеска во нашата држава беше одбележан 22 Септември – меѓународниот Ден без автомобили и завршувањето на Европската недела на мобилност (ЕНМ).

Оваа година кампањата се спроведуваше под мотото „Безбедни и здрави со одржлива мобилност“ и е со цел да се промовираат алтернативните, одржливите и заедничките форми на транспорт како начин да се намали употребата на автомобили и да се редуцираат емисиите на штетни гасови во воздухот, со што би се остварила визијата на европската стратегија за декарбонизација.

Во велосипедските паради по градските улици и булевари во Велес, Прилеп, Скопје, Струмица, Битола и Берово се приклучија и повеќе граѓани, кои со своето присуство покажаа дека користењето на велосипеди и пешачењето стануваат сѐ поприфатени како поздрави и поекономични начини на движење низ урбаните средини.

Европската недела на мобилност се одржа од 16-22 септември, под покровителство на Министерството за животна средина и просторно планирање како национален координатор, при што годинава и покрај сериозните потешкотии и ограничувања што ги наметна состојбата со КОВИД-19, во одбележувањето официјално се вклучија 7 градови низ државава, и тоа Велес, Скопје, Берово, Прилеп, Битола, Кочани и Струмица, се разбира во согласност со епидемиолошката ситуација на локално ниво и со почитување на важечките здравствени протоколи.

Оваа година во Европската недела на мобилност со свои активности учествуваа 3042 градови од 53 држави од Европа и светот.

Можете да прочитате

Мицкоски најавува БРТ и големи инфраструктурни промени во Скопје

Калајџиев: Опасно е што обвинението за пожарот во Кочани е нарачка од политиката, а не грешка

Филипче: Се потврди дека функционери на ВМРО-ДПМНЕ ја штителе дискотеката Пулс