Утрински Весник
Македонија

Денови на вашето милениче денеска во Градски парк, утре во ЗОО Скопје

Денови на вашето милениче денеска во Градски парк, утре во ЗОО Скопје
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Традиционалниот културно-забавен настан “Денови на вашето милениче” се одбележува денеска и ќе трае до утре. Настанот започнува денеска од 11 часот во Градски парк поточно во паркот за миленици, а утре во Зоолошка градина и е организиран од здружението ИВСА-Скопје во соработка со Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје, поддржано од Град Скопје.

„ Ги покануваме сите љубители на милениците да земат учество на настанот денеска, сабота во Градски парк од 11 до 16 часот, како и утре, недела, од 11 до 16 часот во ЗОО Скопје. Ние како организација промовираме одговорно сопствеништво со тоа што го едуцираме здравјето на милениците, комплексноста на потребите на животните и нивното здравје и благосостојба, како и поврзаноста на здравјето на животните со здравјето на луѓето“, вели Неда Кузмановска, претседателка на ИВСА-Скопје.

Утре, недела од 11 часот ќе се одржат предавања од проф. д-р Јована Стефановска – Паразити кај домашните пратеници, проф. д-р Пламен Тројачанец – Кастрација и стерилизација на домашните миленици, проф. д-р Влатко Илиески – Благосостојба на животните, едукативно шоу со Војо Иванов – Херпетологија/терариум и поважни болести, како и Здружението Еко-Свест – Климатски промени.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Хаос во кафуле во Гостивар: Тепачка, пукање и паника меѓу гостите

Внимание возачи: Патиштата се лизгави поради ледени врнежи

Во краток рок три незгоди на Тетово–Гостивар, сообраќајот забавен