Утрински Весник
Магазин

Дени Бојл ќе режира ТВ-серија за „Секс пистолс“

Британскиот режисер оскаровец Дени Бојл (Slumdog Millionaire, Trainspotting) треба да режира и продуцира ТВ-серија за панк-иконите од 1970-тите, „Секс пистолс“.

„Пистолс“ е базирана на мемоарите „Лонли бој“ на гитаристот Стив Џонс, а во неа ќе глумат Ансон Бун (во улога на Џон Лидон и Луис Партриџ (Енола Холмс) како Сид Викоус.

Sвездата од „Игра на тронови“, Мејси Вилијамс, исто така, ќе ја игра Памела Рук, алијас Џордан, која беше една од најзаслужните за создавањето на панк-изгледот.

Снимањето треба да започне во март за американската ТВ-мрежа FX, a предвидено е мини серијата да има шест епизоди.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Ултра-преработената храна поттикнува пандемија на хронични болести, велат лекари

Во петок е Св. Aрхангел Михаил – празник посветен на војводата на сите ангели

БОЈАНА СКЕНДЕРОВСКИ – ПОДГОТОВКИТЕ ЗА ФИЛХАРМОНИЈА И „БЕСМРТНА” СЕ ВО ТЕК!