Утрински Весник
Магазин

Дензел Вашингтон: Не сум го прочитал „Магбет“

Дензел Вашингтон: Не сум го прочитал „Магбет“

Дензел Вашингтон беше во весело расположение минатиот викенд во Лос Анџелес.

Неколку светски печатени медиуми, вклучително и „Би-би-си њуз“, му поставуваа прашања преку „Зум“.  На почетокот разговорот се оддалечи од неговата најнова изведба номинирана за „Оскар“ во „Трагедијата на Магбет“ и почна со тоа како всушност се изговора неговото име.

Дали е тоа Дензел, со акцент на првиот слог, или Дензел, со нагласување на вториот, го праша еден новинар. „Може да го изговарате како сакате“, му одговори актерот.

Можеби Вашингтон е лабав во врска со своето име, но кога станува збор за драмата на Вилијам Шекспир, што американскиот режисер Џоел Коен ја адаптира за филмско платно, сигурно дека е многу почувствителна тема.

Театарското суеверие налага актерите да ја нарекуваат шкотската драма. Но, нема ништо шкотско во адаптацијата на Коен на Шекспировата драма за убиство и вештерство. Вашингтон го глуми насловниот генерал заедно со Френсис Мекдорманд како негова посветена сопруга и козаговорник, и двајцата зборуваат со американски акценти.

„Никогаш не сум го читал ‘Магбет’ и никогаш не сум го гледал ‘Магбет’, што мислам дека беше прикриен благослов“, вели Вашингтон. „Зедов еден од филмовите, гледав околу две минути од него и го исклучив. Не сакав да ме погоди она што го гледав“.

Вашингтон досега бил номиниран за 10 „Оскари“ и двапати освои, во 1990 и 2002 година.

Можете да прочитате

Бесплатни проекции на регионални филмови на Зимското издание на Фестивалската мрежа на Јадранскиот регион

Како правилно да го чувате брашното за да остане свежо?

Влијанието на сексуалната активност врз телото и умот