Утрински Весник
Македонија

Денес сончево со локална облачност

Сончево време со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена, а во источните делови повремено и значителна облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен вдолж Повардарието.

Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 1, а максималната ќе достигне од 4 до 12 степени.

Во Скопје, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната температура ќе достигне до 8 степени.

Според информациите од УХМР во првата половина од ноќта на одредени места имало повремен локален снег, а до изутринава облачноста се намалила и преовладува малку до умерено облачно време.

Можете да прочитате

Сончево со умерена облачност, максималната температура до 33 степени

На ГП Табановце за влез во државава се чека околу половина час

Битиќи: Во ребалансот власта не дава пари за плата од 100.000 денари за пожарникарите