Утрински Весник
Македонија

Денес Заев, Џафери и Ахмети ќе бараат начин за одблокирање на Собранието

Pahor vo sobranie 678x381

Зоран Заев во текот на денот треба да оствари средба со Талат Џафери и Али Ахмети на која ќе се разговара за блокадата на Собранието. Џафери на брифингот со новинарите, рече дека за денеска не може да свика нова седница затоа што има пратенички прашања. За да се одржи посебна седница Владата треба да достави нови материјали. Со ВМРО – ДПМНЕ тој и натаму не сака да се сретне затоа што не сака да разговара за ултимативни прашања.

Во однос на најавата на премиерот за вонредна состојба Џафери рече дека тоа во овој момент не треба да се размислува за тоа бидејќи таа не може да се реализира од причини што за нејзино прогласување потребно е 2/3мнозинство.

Можете да прочитате

Беџети: СМС-пораките од Собранието само на македонски јазик, албанскиот јазик не е декор

Уапсени двајца насилници, претепале 52-годишник од Охрид и му украле пари и накит

Кривична пријава за демнење во Тетово: 27-годишник следел и снимал девојка