Утрински Весник
Македонија

Денеска ќе пристигнат посмртните останки на 45 граѓани кои загинаа во Бугарија

Денеска ќе пристигнат посмртните останки на 45 граѓани кои загинаа во Бугарија
Dik 300x250 mk

Денеска се очекува sо два воено-транспортни авиони да пристигнат посмртните останки на 45 граѓани кои загинаа во трагичната автобуска несреќа во Бугарија.

Како што информираат од Министерството за надворешни работи, по пристигнувањето поворката ќе се движи по однапред утврдена патека до и низ главниот град.

„ Во периодот од 10 до 13 часот, граѓаните ќе можат да оддадат последна почит преку положување цвеќе на плоштадот Скендербег, како и да ја проследат поворката која ќе помине по булеварот, веднаш до плоштадот, во периодот меѓу 11 и 12 часот“, се наведва во соопштението.

На плоштадот ќе биде поставен и видеобим, од каде граѓаните ќе можат да го следат целиот процес на пристигнување и движење на поворката.

Можете да прочитате

Со сослушување на сведоци продолжи судењето за „Онкологија 2“

Трагедија кај Бучим: 13-годишник тешко повреден по пад од „хамачи“

Ермис Лафазановски, добитник на наградата „Оливера Николова”: Романот „Џинџуџе” е потрага по вистината, убавината и добрината