Утрински Весник
Македонија

Денеска сончево и топло со мала до умерена облачност, од утре врнежи и пад на температурите

Денеска сончево и топло со мала до умерена облачност, од утре врнежи и пад на температурите

Денеска времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Попладне, претежно во северните делови ќе има локална појава на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. УВ=9.

Во Скопје, ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 22, а максималната ќе достигне 37 степени.

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од утре попладне до вторник ќе преовладува променливо облачно време, наместа со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, со пообилен пороен дожд, чести електрични празнења, силен ветер (над 60 км/час) и услови за појава на град. Температурата од утре ќе биде во постепено опаѓање.

Можете да прочитате

Автопатот Кичево–Охрид ќе чини 13,5 милиони евра по километар вели Николоски

ПРОМОЦИЈА НА МОНОГРАФИЈАТА  „ВРЕМЕ НА ПРЕКРШУВАЊА – ВРЕМЕ НА ГОЛИ ОТОК“

Николоски: Политиките на субвенционирање донесоа силен раст во авиосообраќајот