Утрински Весник
Македонија

Денеска сончево и потопло со температури до 31 степен

Сончево со мала облачност

Денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 15, а максималната од 22 до 31 степен. УВ=7.

Во Скопје, ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде 12, а максималната ќе достигне до 28 степени.

Во следните денови според најавите од УХМР, во попладневните часови ќе има појава на локална нестабилност со краткотраен дожд и ретки грмежи, особено во планинските региони. Температурите ќе бидат во постепен пораст.

Можете да прочитате

Деветти ден штрајк со глад, Јанков повторно хоспитализиран

Радио Слободна Европа го гаси македонскиот сервис по 25 години работа

Каранфилова Пановска: Владината мерка за горивата е фрлање песок во очите на граѓаните