Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Денеска се отвораат четири нови пункта за вакцинација во Скопје

Утре се отвораат четири нови пункта за вакцинација во Скопје
Img 7972

Министерството за здравство вчера најави дека од денеска ќе отворат дополнителни четири пункта за имунизавија против ковид. Пунктовите во Скопје кои ќе почнат денес се Поликлиниките Бит-пазар, Драчево, Ченто и Ѓорче Петров.

Во две смени ќе работат пунктовите во Чаир, Јане Сандански, Букурешт и Бит-пазар. Во прва смена ќе работат Шуто Оризари, Драчево и Ченто.

„ Вакцини има доволно, во сите пунктови се надополнуваат подеднакво потрошените количини. На располагање се околу 400.000 дози од вкупно сите производители од нив 200.000 за прва доза. За прва доза имаме 80.000 на ‘Синовак’, 50.000 на ‘Aстразенека’ и 70.000 на ‘Фајзер’. Секоја недела пристигнуваат по околу 20.000-30.000 на ‘Фајзер’ и оваа пратка ќе продолжи да пристигнува и во следните недели до крајот на годината“, соопшти министерството.

Оттаму додаваат дека вакцините се безбедни и се единственото оружје во борба против Ковид-19. Вакцините штитат од тежок тек на болеста и од смртен исход од вирусот.

„ Само со масовно вакцинирање на населението може да ги спречиме натамошните мутации на овој вирус и затоа, повикуваме на вклучување кон процесот на имунизација на сите граѓани“, велат од Министерството за здравство.

Можете да прочитате

Мицкоски најавува БРТ и големи инфраструктурни промени во Скопје

Калајџиев: Опасно е што обвинението за пожарот во Кочани е нарачка од политиката, а не грешка

Филипче: Се потврди дека функционери на ВМРО-ДПМНЕ ја штителе дискотеката Пулс