Утрински Весник
Економија

Денеска се затвора јавниот повик за субвенции за плински уреди во возилата

Денеска се затвора јавниот повик за субвенции за плински уреди во возилата

Министерството за економија ги известува сите граѓани на Северна Македонија дека заклучно со денешниот ден 7 јули (среда) се затвара јавниот повик за субвенции за вградување на уред на погон на течен гас (ТНГ), метан или друг вид на алтернативно гориво во возилата.

Според јавниот повик кој беше објавен на 7 јуни сите граѓани кои што ќе вградат ваков вид на уреди во своите возила ќе можат да остварат право на поврат од 50 проценти од средствата за вградување на плински уред, но не повеќе од 18.000 денари односно 300 евра.

За да добијат субвенции, сопствениците на возила произведени од 2005 година па наваму, треба да извршат купување и вградување на уред за погон на ТНГ, метан или друг вид на алтернативно гориво во возилата, по денот на објавување на Јавниот повик, во некој од фирмите кои вршат продажба и вградување на таквите уреди.

Јавниот повик беше предвидено да трае 60 дена од денот на објавување.

Од објавување на јавниот повик заклучно со денешниот ден се пристигнати 670 барања, а во Буџетот на Министерството за економија за реализација на оваа мерка се предвидени вкупно 11.000.000 денари за околу 610 апликанти, информира министерството за економија.

Можете да прочитате

Ѓорѓиевски: Човечките ресурси и сивата економија предизвици за македонскиот бизнис сектор

Стразбур ја обврзува Македонија да ги врати долговите на јавните претпријатија во рок од три месеци

Угостителски услуги во ноември зголемени во однос на минатата година