Утрински Весник
Свет

Денеска заседава Европскиот парламент – ќе се гласа за Резолуцијата за руската агресија

Денеска заседава Европскиот парламент – ќе се гласа за Резолуцијата за руската агресија

Пратениците на Европскиот парламент денеска на вонредна седница ќе расправаат за ситуацијата во Украина, а потоа ќе гласаат за Резолуцијата за руската агресија врз Украина.

Нацрт-резолуцијата, покрај острото осудување на „воената агресија на Русија“, поддршката за Украина и повикувањето на ЕУ да ги зајакне санкциите против Москва, содржи и параграф во кој Европскиот парламент укажува на последиците од непочитувањето на санкциите на ЕУ од страна на Србија.

Европскиот парламент изрази жалење поради непочитувањето на санкциите на ЕУ против Русија од страна на Србија, што е штетно за нејзиниот процес на пристапување.

Од парламентот очекуваат дека земјите кандидати за членство во ЕУ ќе се усогласат не само со критериумите на ЕУ, туку и со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ.

Можете да прочитате

Трамп: САД нема да употребат сила за да го преземат Гренланд

Хоџа-Габриел: Стратешко партнерство за европски инвестиции во животната средина

Унгарската влада најави 300 милиони долари помош за угостителите