Утрински Весник
Свет

Денеска вонреден состанок на министрите за енергетика на Г7

Денеска вонреден состанок на министрите за енергетика на Г7
Dik 300x250 mk

Министрите за енергетика на Групата седум денеска ќе разговараат што друго може да направи Западот за да ја намали зависноста од руската нафта и гас, најави британскиот министер за енергетика, Квази Квартенг.

„Ќе имаме вонреден состанок на министрите за енергетика на Г7 за да ги разгледаме понатамошните чекори“ – изјави вчера Квартенг во парламентот.

Обединетото Кралство соопшти дека постепено ќе го укине увозот на нафта и нафтени деривати од Русија до крајот на годината и ќе ја разгледа можноста за забрана на рускиот природен гас, приклучување кон други земји, вклучително и САД, во обид да ја казни Москва за нејзината операција во Украина.

Можете да прочитате

Турција издаде налог за апсење на израелскиот премиер Нетанјаху и други поради геноцид во Газа

Американскиот притисок го спречи договорот: „Гунвор“ ја повлече понудата за купување на „Лукоил“

Средба на Трамп со лидерите на Казахстан, Киргистан, Таџикистан, Туркменистан и Узбекистан