Утрински Весник
Македонија

Дендиас: Следната седмица по иницијатива на Скопје и Атина видеоконференциска средба за побрзо враќање во нормала

Дендиас: Следната седмица по иницијатива на Скопје и Атина видеоконференциска средба за побрзо враќање во нормала

Атина, 15 мај 2020 (МИА) – Следната седмица, по заедничка иницијатива на Грција и Северна Македонија, ќе се одржи нова видеоконференција со моите колеги од балканските и соседните европски земји за подобра координација за најбрзо можно враќање во општествено-економска нормалност, се разбира со помош од ЕУ, по периодот на строги рестриктивни мерки поради пандемија, наведува министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас во писмената изјава по состанокот на Советот за надворешни работи на ЕУ.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, шефот на грчката дипломатија, меѓу другото, објаснува дека на денешната видеокоференциска средба станало збор и за иницијативите на Европската Унија за регионот, како и за резултатите од Самитот ЕУ-Западен Балкан.

– Одлуката на шефовите на владите за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан во справувањето со пандемијата, покрај солидарноста на ЕУ во пракса, ги истакна и стратешката важност и привилегираниот однос на овој регион со Унијата, додава Дендиас во изјавата. ср/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски ќе се обрати на свечена владина седница по повод Денот на албанската азбука

Доаѓаат нови обилни дождови, снег и снежна покривка ќе има на планините

Обвинителството не може кривично да ги гони малолетничките што ја претепаа и снимаа нивната врсничка во Штип