Утрински Весник
Спорт

Денвер и Бостон поразени со звукот на сирената

Денвер и Бостон поразени со звукот на сирената

Кошаркарите на Сакраменто Кингс и Бостон Селтикс забележаа драматични победи во дуелите со Денвер Нагетс, односно Милвоки Бакс. Пораз во првиот меч, во новата сезона, запишаа и вице-шампионите Мајами Хит.

Сакраменто, во продолжението, забележаа победа во Денвер 124:122. Продолжение на натпреварот за Денвер избори Никола Јокиќ кој реализираше две слободни фрлања во финишот на регуларниот дел.

Драмата кулминираше во последните десет секунди, кога Херисон Барнс најрвин израмни на 122:122, а потоа со звукот на сирената бади Хилд погоди за триумф на Сакраменто.

Хилд со 22 поени го предводеше Сакраменто, поен помалку постигнаа Барнс и Диерон Фокс.

Јокиќ кај Денвер сезоната ја започна со трипл-дабл од 29 поени, 15 скока и 14 асистенции.

Од играчите од просторите на поранешна Југославија, синоќа играа Богдан Богдановиќ, Лука Дончиќ, Јусуф Нуркиќ и Бојан Богдановиќ.

Дончиќ во поразот на Далас од Финикс Санс, 106:102, постигна 32 поени, Србинот Богдановиќ во триумфот на Аталанта над Чикаго 124:104, уфрли 15 поени. Ист број на поени постгна Хрватот Богдановиќ во триумфот на Јута над Портланд 120:100. Нуркиќ за Портланд постигна 13 поени.

Во дербито на вечерта Џејсон Тејтум со тројка во последната секунда на Бостон им ја обезбеди поебдата над Милвоки 122.121. Тејстум мечот го заврши со 30 поени и седум скока, најефикасен беше Џејлен Браун со 33 поени.

На другата страна Јанис Адетокумби имаше 35 поени и 13 скока, Крис Мидлтон забележа 27 поени, 14 скока и осум асистенции, а Џру Холидеј за Милвоки дебитираше со 25 поени.



> Денвер и Бостон поразени со звукот на сирената <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Фудбалерите на Лестер лудо го прославиле отказот на тренерот

Мурињо ги отфрли гласините за Роналдо во Фенербахче

Рутинска победа на Реал кај Леганес