Утрински Весник
Македонија

Демонстрантка му се обрати на претседателот пред Собранието: Стево имаш деца, немој овој народ да те колне

Dik 300x250 mk

Пред Собранието се протестира против францускиот предлог речиси еден час, а микрофонот оди од рака на рака кај демонстрантите.

dobivaj vesti na viber

Една од нив му се обрати на претседателот на државата Стево Пендаровски кој имаше средба со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

„Стево опули се, имаш деца и овој народ немој да те колне, децата патат. Немој Стево, деца имаме, ќе загинам за Македонија. Јас сум од Западна Македонија Стево, Мијачка, како тебе и ти си Мијак. Погледни ме имам 65 години, гајле немам, 10 години се борев со судот и го добив правото. Десет години ме маче и аир да не видат тие што ме мачеа. Опули се, стави дупли наочари Стево ако не гледаш, овој народ е гладен“, рече демонстрантката.

Пред Собранието се скандира „оставка“ и „никогаш северна, само Македонија“, додека внатре во Собранието пратениците го чекаа обраќањето на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ води со 21 мандат, ВЛЕН 4, СДСМ 3 – 19.258 ливчиња неважечки

Кичево слави: ВМРО-ДПМНЕ ја освојува општината по повеќе од 15 години

Костадинов: СДСМ мора да помине низ сериозен филтер и реформи