Утрински Весник
Свет

Демонстранти во Словенија светеа со ласер во полициски хеликоптер, оштетен видот на еден од пилотите

Демонстранти во Словенија светеа со ласер во полициски хеликоптер, оштетен видот на еден од пилотите
Dik 300x250 mk

Екипажот на полициски хеликоптер кој вчера ги контролираше демонстрациите против владата над центарот на Љубљана беше загрозен од ласер насочен кон него од еден од демонстрантите, објави денеска полицијата.

„Непознати сторители насочија ласер кон хеликоптерот, што претставува опасност да го оштети видот на членовите на екипажот“, се вели во соопштението на полицијата.

„Во конкретниот случај, еден од пилотите се здоби со оштетување на окото и побара медицинска помош. Степенот на неговите повреди сѐ уште не е познат”, соопшти полицијата.

На улиците во Љубљана илјадници луѓе вчера повторно демонстрираа главно поради задолжителните сертификати за вакцинација.

Можете да прочитате

Украински дронови погодија руски нафтен терминал

Белата куќа објави детали од трговскиот договор меѓу САД и Кина

Нигерија ја прифати американската помош против бунтовниците