Утрински Весник
Свет

Демонстрантите ja запалија државната зграда во Ирак

Демонстрантите ja запалија државната зграда во Ирак
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Демонстрантите ја запалиле локалната канцеларија на парламентот во Басра, а безбедносните сили пукале во воздух за да ги растераaт, пренесува Ројтерс.

Демонстрантите побарале ирачкиот парламент да го отпушти гувернерот на покраината, откако двајца активисти на опозицијата беа убиени и неколкумина ранети во три одделни напади од непознати вооружени лица неделава.

Бранот на насилство започна кога активистот Тахсен Осама беше убиен минатата недела, по што следеа тридневни улични демонстрации за време на кои полицијата употреби куршуми против демонстрантите кои фрлаа камења и молотови коктели кон куќата на гувернерот и блокираа неколку големи патишта.

Премиерот Мустафа ал-Кадими ги отпушти шефовите на полицијата и на националната безбедност во Басра и нареди истрага за насилството.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Кирибати прва ја дочека 2026 година

САД ангажираат 400 адвокати за проверка на пет милиони страници од досиејата на Епстин

Иран со остра порака до САД и Израел по заканите на Трамп