Утрински Весник
Македонија

Демонстрантите пристигнаа пред Владата

Monstrum
Dik 300x250 mk

Протести против случајот „Монструм“.

Демонстрантите се собраа кај паркот во Чаир и пристигнаа пред Владата на Република Северна Македонија.

Пред зградата на Владата се забележува блокада и присуство на полициско обезбедување.

Се работи за многу помала група на демонстранти во однос од претходниот протест..

 

На протестот пред неколку недели, демонстрантите се судрија со полицијата кај Бит Пазар при што беа повредени полицајаци – нападната беше и новинарска екипа.

Десетина лица беа обвинети за учество во толпа бидејќи според обвинителството, се обиделе да го пробијат полицискиот кордон фрлајќи камења, метални шипки и други предмети. За делото на казна затвор од осум месеци до една година беа осудени четири лица. За останите се уште трае судската постапка.

Можете да прочитате

Спасовски: Резултатот е катастрофален, но вината не е само кај Филипче

Онкологија со месеци без тумор маркери и основна терапија за пациентите со рак

Безживотно тело на млада девојка најдено во Тетово