Утрински Весник
Свет

Демонстрантите во Тајланд бараат реформи на монархијата

Демонстрантите во Тајланд бараат реформи на монархијата

Демонстрантите во Тајланд го повикаа кралот Маху Вајиралонгкорн да се откаже од контролата над кралското богатство вредно десетици милијарди долари.

Демонстрантите го прекинаа долгогодишното табу критикувајќи го кралот, а полицијата вчера повика неколку лидери на протести да се соочат со обвиненија за навреда на владетелот, поради коментарите дадени на демонстрациите одржани на 19 и 20 септември на кои бараа реформи на монархијата.Обвинетите може да добијат до 15 години затвор, објави „Ројтерс“.

Демонстрациите, на кои присуствуваа неколку илјади луѓе, првично беа закажани кај Бирото за кралски за имот, кое управува со тој имот.

Но, откако полицијата постави барикади составени од бродски контејнери и жилет жица, демонстрантите се собраа пред седиштето на Комерцијалната банка Сиам, во која кралот е најголем акционер со удел од 23 отсто.

Кралската палата не ги коментираше протестите, но кога порано кралот беше запрашан за демонстрантите, тој рече дека тие сеедно се сакани.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење

Петнаесет лица повредени во руски напад врз Харков