Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Демократскиот сојуз: Наставата со физичко присуство е приоритет

Демократскиот сојуз: Наставата со физичко присуство е приоритет
300x250 opst2

Демократскиот сојуз смета дека треба да се подржи одлуката за физичко присуство на учениците за следење на наставата. Аргументирајќи го својот став, од партијата велат дека вакви препораки доаѓаат и од Светската здравствена организација и бројни други образовни асоцијации и врвни експерти.

„Се залагаме за доследно почитување на здравствените протоколи, поддршка на мерките и од родителите, вакцинирање на возрасните и следење на епидемиолошката состојба. Инаку кога беше онлајн наставата се “протестираше” за физичко присуство, сега кога се одлучи за физичко присуство, се “протестира” за онлајн настава, ова покажува дека некој здравствената криза ја користи за манипулации и злоупотреба на децата за политички цели“, велат од Демократскиот сојуз.

Политичката партија ги повикува сите граѓани да се вакцинираат, се со цел да се стекнеме со колективен имунитет и да се намалат можностите за инфицирање од вирусот Ковид-19 и тешките последици од истиот.

Можете да прочитате

Филипче: Никој во Кочани не може да оди со крената глава, не се оди така пред луѓе што изгубиле сè

Филипче од Виница: Македонија е претпоследна во Европа по минималната плата

Мицкоски: Едно од главните ветувања минатата кампања беше ДУИ во опозиција и ако продолжат вака нереформирани уште долго ќе останат таму