Утрински Весник
Магазин

Деми Мур изгледа како да не старее

Деми Мур изгледа како да не старее

Деми Мур повторно ги потсети фановите дека е во неверојатна форма на 58 години.

Актерката од „Дух“ и „Непристиен предлог“ во средата сподели нови фотографии на Инстаграм каде што позира во бикини од „Енди свим“, компанија во која инвестираше.

Фотографиите се направени додека беше на одмор во Грција со своите три ќерки.

Поранешната сопруга на Брус Вилис била забележана во хотелска соба додека прави селфи за кое напиша: „Се подготвувам се за уште еден ден во рајот“.

Таа својот одмор во Грција го помина на островите Миконос во Санторини.

Можете да прочитате

Овие знаци ќе привлечат пари во 2026 година

Колку често треба да имате секс за среќна врска? Експерт открива „златна средина“

Неврохирург открива на што родителите мора да внимаваат за здрав мозок кај децата