Утрински Весник
Магазин

Деми Мур го прошета своето милениче низ музејот Лувр

Dik 300x250 mk

Деми Мур го донесе своето куче во познатиот музеј Лувр во Франција и покрај строгите правила кои забрануваат животни.

dobivaj vesti na viber

Таа на својот Инстаграм-профил сподели фотографии од посетата.

На една од нив, Мур (59) го држи Пилаф в раце пред бесценетата слика „Мона Лиза“, што ги поттикна фановите да се запрашаат како актерката воопшто успеала да го внесе.

На веб-страницата на „Лувр“ конкретно е наведено дека на сите животни – со исклучок на кучиња водичи – им е забранет влез во музејот.

„Сите животни, со исклучок на кучиња водичи или кучиња кои придружуваат лица со моторни или ментални нарушувања“, стои на веб-страницата во делот под наслов „Забранети предмети“.

Ниту една друга личност не се гледа на фотографиите, што сугерира дека Деми била на приватна обиколка на музејот.

„Како е дозволено ова?“ коментираше еден корисник на Инстаграм.

„Жално е кога познатите личности ја злоупотребуваат својата слава и ги носат своите миленици на места каде што ние обичните луѓе не можеме. Лувр има политика ‘без миленичиња’ со исклучок за животни помагачи. Деми Мур треба ова да го знаеш!“

Можете да прочитате

Седмо издание на „Андерфест“ – рок енергија што расте секоја година

Ако сте имале токсични родители, нема да ги паметите овие работи од вашето детство

Џонатан Бејли прогласен за „Најсексипилен маж на денешнината“ за 2025 година