Утрински Весник
Магазин

Деми Ловато ја раскина веридбата бидејќи намерите на Макс Ерих не биле вистински

Деми Ловато ја раскина веридбата бидејќи намерите на Макс Ерих не биле вистински
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Деми Ловато ја раскина веридбата со Макс Ерих откако открила дека неговите намери не биле вистински.

28-годишната пејачка се вери со ѕвездата на Young and Restless во јули по четири месеци врска, но реши да повика тајмаут на нивната романса во септември, два месеца по романтичната понуда за брак покрај океанот.

Извори блиски до пејачката тврдат дека Деми одлучила да ја прекине свршувачката бидејќи Макс (29) сe занел од слава кога нивната врска придонела неговиот јавен профил „да пукне“.

Друг упатен извор рекол: „На Деми ѝбеше многу тешко кога сфати дека намерите на Макс не се вистински. Раскинувањето на веридбата не беше лесна одлука “.

Списанието „Пипл“, повикувајќи се на истиот извор, пренесува: „Деми смета дека Макс се обидува да ја прошири својата кариера користејќи го нејзиното име зад грб. На Деми ѝ беше тешко да признае дека направила грешка кога станува збор за Макс “.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Како правилно да перете чевли во машина без да ги оштетите

Никогаш не заспивајте со шминка!

Шеќерот во крвта не доаѓа само од благо – Што велат ендокринолозите