Утрински Весник
Спорт

Дембеле спаси нов срам за Барса, Брејтвејт беше трагичар

Дембеле спаси нов срам за Барса, Брејтвејт беше трагичар
Dik 300x250 mk

Барселона продолжува со неубедливите игри оваа сезона, откако одиграа само 1:1 со Еибар во првиот меч по Божиќ, одбележан со првиот гол на Усман Дембеле по долгата пауза поради повреда.

Данецот Мартин Брејтвајт беше трагичар во првото полувреме, откако во осмата минута од мечот не успеа да постигне гол од белата точка, а во 30-тата минута му беше поништен гол поради офсајд. По ова следуваше казната – во 57. минута Кике ги донесе Еибар во водство, пред Дембеле, кој влезе во второто полувреме десет минути подоцна да израмни со убав гол.

Поенот ги остава Барса на шестото место на табелата со 25 поени, седум зад лидерот Атлетико Мадрид, и тоа со два меча повеќе. Еибар, пак, е на 14. место со 16 поени, само два од зоната за испаѓање.

> Дембеле спаси нов срам за Барса, Брејтвејт беше трагичар <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Јамал, Дембеле и Салах номинирани за наградата „Најдобар“ на ФИФА

Ѓоковиќ го победи Борхес и се пласираше во полуфиналето на турнирот во Атина

Милевски повика 28 фудбалери за средбите со Летонија и со Велс