Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Дел Пјеро го гледа Гвардиола на чело на Јувентус

Гвардиола: Тотенхем се вториот најдобар тим во Европа, имам високо мислење за Почетино (видео)
300x250 opst2

Торино, 17 февруари 2020 (МИА) – Легендата на Јувентус и италијанската фудбалска репрезентација Алесандро Дел Пјеро изрази интересно мислење за иднината на тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола. Според Дел Пјеро, судбината на Гвардиола е да ја води „старата дама“ во блиска иднина.

Шпекулациите за иднината на шпанскиот ментор повторно избувнаа откако стана јасно дека Манчестер Сити е осуден на две години да не учествува во Лигата на шампионите, поради повреда на финансискиот ферплеј.

Дел Пјеро (45) ја коментираше ситуацијата со Гвардиола вака: „Веќе има многу гласини во Италија дека тренерот и многу играчи ќе го напуштат клубот. Целиот фудбалски свет смета дека може да се „украде“ нешто од Манчестер Сити. Минатото лето нашироко се зборуваше дека Гвардиола ќе дојде во Јувентус и сега истата работа ќе се случи повторно. Секој клуб во светот би сакал да биде воден од него и јас би сакал да го видам Пеп во Италија. Победи во Шпанија, Германија и Англија. Ако го следиме неговиот пат, можеби судбината му одредила да го води Јувентус“.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН