Утрински Весник
Македонија

Дел од Шар Планина стана национален парк

Дел од Шар Планина стана национален парк
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Пратениците во Собранието со мнозинство од 66 гласови дадоа зелено светло за Законот за прогласување на дел од Шар Планина за национален парк.

Со изгласувањето на овој Закон нашата држава го доби четвртиот национален парк по прогласувањето на последниот во 1958 година и првиот по осамостојувањето.

Министерoт за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, истакна дека со прогласувањето на Шар Планина за заштитено подрачје се стави под заштита и се овозможи воспоставување на систем за одржливо управување на подрачје кое е ризница на биодиверзитетот, дом на две третини од сите растителните видови во Северна Македонија и богат и ендемичен растителен и животински свет.

„Шар Планина располага со исклучителни природни убавини, геодиверзитет, хидролошки карактеристики, пејсажни, пределни и културни вредности. И што е најважно, очекувам дека со со овој чекор отвараме една нова страница и нови можности не само за заштита на нашето природно наследство, туку и за одржлив социо-економски развој на подрачјето и на државата, за воспоставување на поширока прекугранична соработка, за користење на нови финансиски можности и за развој на локални брендови и разни форми на туризам и зајакнување на продажната моќ“, рече Нуредини.

Можете да прочитате

Годишно обраќање на претседателката Сиљановска Давкова во Собранието

Утрово најстудено во Берово со -2 степени, попладне дожд и снег на планините

Миланов најавува изградба на кафилерија и гробишта за миленици