Утрински Весник
Спорт
Img 7972

Дел од челниците на Барса во 2017 година не дозволиле клубот да го ангажира Мбапе

Дел од челниците на Барса во 2017 година не дозволиле клубот да го ангажира Мбапе
300x250 opst2

Барселона, во 2017 година, можеле да го ангажираат Килијан Мбапе, но некој во клубот проценил дека парите од трансферот на Нејмар треба да бидат вложени во Усман Дембеле, тогаш играч на Борусија Дортмунд.

Килијан Мбапе, во вторникот, со хет-трик практично ја елиминира Барселона од Лигата на шампионите. ПСЖ, славеа во првиот осмина-финален меч со 4:1, а реваншот ќе го одиграат на домашен терен за три недели.

Жуниот Мингуела, човекот кој ги застапува интересите на Мбапе, открил дека Мбапе имал желба да се пресели од Монако во Барселона, но во клубот од „Ноу Камп“ сметале дека не треба да издвојат повеќе од 100 милиони евра, за играч кој се уште не се докажал.

„Тој имаше желба да игра за Барселона, но од клубот инсистираа на трансферот на Усман Дембеле. Дел од членовите на раководството на Барселона, рекле дека тој е никој и ништо, дека не направил ништо за да стане член на еден толку голем клуб и дека би било лудо за него да се издвојат преку 100 милиони евра“, рекол менаџерот на Килијан Мбапе.

Мингуела дополнил дека трансферот требало да изнесува околу 130 милиони евра и дека годишната плата на Мбапе требала да биде помеѓу 10 и 16 милиони евра.

Неколку години подоцна, во Барселона сигурно се свесни за грешката што ја направиле. Мбапе се промовира како легитимен наследник на Меси и Роналдо, додека засилувањата што пристигнаа во клубот, а за кои клубот потроши многу пари не ги оправдаа очекувањата.

> Дел од челниците на Барса во 2017 година не дозволиле клубот да го ангажира Мбапе <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

ФИФА му одговори на Трамп за евентуално одземање на правото на Бостон да биде домаќин на СП 2026

Англија ја победи Летонија и обезбеди учество на СП 2026

Барди со мајсторски потег ја спаси вечерта – Македонија ремизира со Казахстан!