Утрински Весник
Македонија

Дел од културните институции не ги исплатиле вработените кои работеле во недела

Дел од културните институции не ги исплатиле вработените кои работеле во недела
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Дел од институциите од културата не исплатиле плата за месец јануари, соопшти Синдикатот на културата.

Оттаму велат дека овие институции пресметките за плата ги направиле согласно последните измени на Законот за работни односи за недела како неработен ден, па како што објаснуваат, Министерството за култура очигледно не знае како да ги процесира.

Другиот дел од институциите каде што е веќе исплатена платата за јануари, не ги почитувале измените во Законот, па така работата на одредени категории на вработени која што се одвива во недела не е исплатена.

Според СКРМ, ова е грубо прекршување на Законот за работни односи од страна на Министерството за култура и дел од институциите.

„ Поради тоа, итно бараме јавно објаснување од страна на Министерството за култура зошто се прекршува Законот за работни односи и кога и како ќе биде надминат проблемот со недела како неработен ден. Исто така, бараме од Министерството да утврди одговорност кај сите директори на институциите кои го прекршиле Законот за работни односи. Во спротивно, СКРМ ќе започне правни постапки за заштита на правата на вработените во културата“ се вели во соопштението.

Можете да прочитате

2 милијарди долари турски инвестиции во Македонија

Градоначалникот на Лерин го стопира пеењето на македонски јазик

Србија ги демантира тврдењата: Македонија не забранила увоз на киви