Утрински Весник
Македонија

Делчевци аплаудираа за поддршка на здравствените работници и сите кои даваат свој допринос во борбата против КОВИД-19

Делчевци аплаудираа за поддршка на здравствените работници и сите кои даваат свој допринос во борбата против КОВИД-19

Делчево, 12 април 2020 (МИА) – Делчевци со бурен аплауз синоќа им дадоа поддршка на лекарите, здравствените работници и сите останати вклучени во борбата против КОВИД-19. Долгите карантински часови тие ги искористија како никогаш досега да им се придружат на граѓаните од градовите ширум светот кои им одаваат почит на медицинските работници кои се меѓу најизложените на влијанието на коронавирус.

За оние кои дадоа поддршка беше чест и задоволство да се изрази благодарност на ваков начин.
-Како граѓани свесни сме за предизвикот со кој се соочуваат „белите мантили“ во насока на борбата против еден од најнепредливите вируси на денешнината. Аплаузот е и за сите други кои на своите работни места и во услови на полициаки час придонесуваат ова што побргу да се надмине, истакнаа граѓани на Делчево.
Спонтаната иницијатива на луѓе кои ги бодрат лекарите започна во средината на јануари во градот Вухан во Кина, од каде потекнува вирусот.
Иницијативата потоа продолжи во Италија, каде оние што се наоѓаат под карантин не само што ракоплескаа, пееја арии, скандираа и популарни песни, свиреа инструменти и мавтаа со знамиња. Изразувањето благодарност се прошири и во други земји и градови како Париз, Лондон, но и разни други мали градови во земјите ширум светот.
Делчево е еден од градовите каде од почетокот на пандемијата нема заразени од КОВИД-19. Заклучно со вчерашниот ден во оваа општина нема регистрирани лица во самоизолација.
Денеска во градот ќе пристигнат тројца жители кои се најдоа во првата група која по враќањето од странство поминаа 14 дневен карантин во сместувачките капацитети во Струмица и Битола. вс/нд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор