Утрински Весник
Македонија

Делчевскиот градоначалник ќе донира дел од својата плата во Фондот за борба против Ковид-19

Делчевскиот градоначалник ќе донира дел од својата плата во Фондот за борба против Ковид-19

Делчево, 1 мај 2020 (МИА) – Делчевскиот градоначалник Горан Трајковски ќе донира дел од својата плата во Фондот за борба против коронавирусот. Во неговата јавна објава тој истакна дека се придружува
на своите колеги од регионот, кои исто така дадоа свој личен придонес во борбата против Ковид-19.

– Во овие тешки моменти за државата, кога солидарноста и почитта кон поединецот се делата кои имаат вредност, воден од моралната обврска како градоначалник, но пред се’ како човек и без разлика
на одлуката на Уставниот суд на Република Северна Македонија, разликата од мојата плата до 14.500 денари ќе ја уплатам во Фондот за борба против епидемијата од вирусот Ковид-19. Живееме во време во кое секој од нас, треба да покаже солидарност и колективна одговорност, бидејќи за луѓе се работи, за нашите граѓани и за нашата држава, додаде Трајковски.

Претдходно на иницијатива на претседателот на делчевскиот совет Драган Маневски од својот паушал за месеците март и април се откажаа и делчевските советници кои најавија дека средствата во
висина од околу 300 илјади денари исто така ќе ги донираат во Фондот за борба против Ковид-19. вс/см/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Каранфилова-Пановска: Ќе бидам верен соработник во креирањето и спроведувањето на новите политики за промени на СДСМ

Обвинителство: Има материјални докази дека Палчо е сторител на двојното убиство

МЖСПП: Советничката Ирена Витина подобро да се информира, пред да изнесува невистини во јавност