Утрински Весник
Свет

Делумно затворање во Србија – угостителските објекти и продавниците нема да работат цел викенд

Делумно затворање во Србија – угостителските објекти и продавниците нема да работат цел викенд

Од денес напладне во 12 часот до понеделник во 6 часот наутро во Србија ќе се применуваат нови мерки на Кризниот штаб според кои ќе бидат затворени сите угостителски објекти и сите продавници, освен продавниците за храна.

Од понеделник, 8 март, средношколците ќе се префрлат на часови преку Интернет.

За време на новиот режим ќе можат да работат само продавниците за храна, кои можат да работат до 21 часот, а на аптеките и бензинските пумпи работното време не им е ограничено.

Во ски – центрите овие мерки ќе важат од полноќ и ќе траат до понеделник, што значи дека угостителските објекти на овие места нема да работат во текот на целиот викенд.

Исклучок се хотелските кафулиња и ресторани, кои за време на викендот можат да послужат само гости кои имаат регистриран престој.

Кога станува збор за културните институции, само театрите ќе можат да работат до 21 часот, со почитување на сите епидемиолошки мерки, додека ќе може да се одржат и претходно закажани спортски настани, но без присуство на публика.

Доставата на храна ќе функционира 24 часа на ден. Исто така, по 12 часот, можат да работат приватни здравствени установи, лаборатории, ветеринарни клиники и стоматолошки ординации.

Од понеделник, 8 март, сè ќе работи според вообичаениот режим.

Од Владата соопштија дека вакцинацијата против Ковид-19 ќе се одвива без прекин според однапред утврден план, така што новите мерки на кој било начин не го загрозуваат процесот на имунизација.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

На Германија ќе и требаат дополнителни 288.000 странски работници секоја година до 2040

Австралија го забранува пристапот до социјалните мрежи за помлади од 16 години

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња