Утрински Весник
Свет

Делта сојот е најбрза и најопасна варијанта на коронавирусот, категорични се водечките виролози

Делта сојот е најбрза и најопасна варијанта на коронавирусот, категорични се водечките виролози

Делта сојот е најбрзата, најиздржливата и најопасната верзија на коронавирусот со која е соочен светот, тврдат виролози и епидемиолози.

Вакцините и понатаму нудат многу силна заштита во одбрана од тешки инфекции и хоспитализации предизвикани од која било верзија на коронавирусот, а оние кои се изложени на најголем ризик се сè уште невакцинираните, истакнуваат десет водечки експерти за Ковид-19, а пренесува агенцијата „Ројтерс“.

Главната грижа за делта варијантата, која за прв пат беше идентификувана во Индија, не е тоа што луѓето имаат потешки симптоми, туку дека многу полесно се шири од личност до личност, со што се зголемуваат бројот на инфекции и хоспитализации кај невакцинираните.

Постојат сè повеќе докази дека овој сој е способен да зарази сè поголем број на целосно вакцинирани лица, за разлика од претходните верзии, и постои загриженост дека тие можат да го шират вирусот понатаму, тврдат овие експерти.

„Најголемиот ризик за светот во моментот е делта варијантата“, посочува микробиологот Шерон Пикок, кој ги предводи британските напори за секвенционирање на геномот на варијантите на коронавирусот, нарекувајќи го делта сојот најиздржлива и најбрза варијанта досега.

Експертите потсетуваат дека постојано се развиваат мутации на вирусите и се појавуваат нови варијанти кои понекогаш се поопасни од оригиналните.

Можете да прочитате

Речиси две третини од Полјаците се против испраќањето војници во Украина

Во Англија се урна хеликоптер

Во израелските воздушни напади врз Газа загинаа најмалку 15 луѓе, меѓу кои и четворица новинари